Властите во кинеската провинција Гвангдонг им наредија на граѓаните да носат маски во јавноста поради појавата на епидемијата на коронавирус.

Уредбата стапи на сила денес, и се смета за мерка за борба против вирусот, пренесува „Синхуа“.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи денеска се прикажани граѓаните како носат маски во јавниот превоз, улиците, маркетите, а со заштитни маски се и возачите на автобусите и таксистите.

Во Гвандонг живеат над 110 милиони жители.

Досега, 56 луѓе починаа од коронавирусот, а над 2.000 лица се заразени.

извор: Makfax