Кинеска фирма за вакцини е казнета со 1.3 милијарди долари откако е утврдено дека нелегално ја произведувала вакцината против беснило.

Чангчуен Чангшенг мешала различни видови на течности кои се користат за создавање на вакцини, како и течности со поминат рок на траење, со цел да создаде вакцина.

Компанијата исто така ја фалсификувала и целосната документација за процесот на производството на вакцината.

Ова не е прв скандал од вакви размери во Кина.

Фармацевстската дозвола за производство на Чангчун Чангшенг им е исто така одземена, а нелегално произвдените вакцини се кофискувани.

извор: Makfax