Кинеската влада забрани јадење и одгледување на диви животни како резултат на појавата на коронавирусот, но се верува дека е тешко да се спречи трговијата со овие животни.

Како што пренесе „Си-ен-ен“, во Кина се раширени културни корени на употребата на дивите животни не само за исхрана, туку и за изработка на украси, па дури и за нивно чување како домашни миленици.

Се наведува дека владата оставила можност и да се забрани користењето на дивите животни во традиционалната медицина.

извор: Makfax