Прексиноќа во 22.15 часот во “Кнез Михајлова” во центарот на Белград, кинески државјанин Ванг Линг Ли со нож нападнал луѓе кои шетале низ улицата, при што повредил шест лица. Од засега непознати причини, Ли го зел ножот од шанкот на слаткарницата-грил “Сат” и излетал на улицата, нафрлајќи се врз минувачите како кои му се “испречувале” на патот. По кусо време Ли е уапсен, а повредените се префрлени во болница.