x

Кинезите, фудбалот и коронавирусот: „Не сум видел лице на човек со денови, ми направија и анални брисеви“

dusko-tosic

Кинеската Суперлига по многу одложувања, конечно ја започна сезоната. Во страв од ширењето на пандемијата со коронавирусот, Кинезите превентивно во неколку наврати го откажуваа продолжението на фудбалскиот шампионат, а кога конечно решија да го вратат фудбалот на стадионите, очигледно преземаа здраствени мерки и протоколи невидени на останатиот дел од планетата.

За нив најдобро зборува изјавата на српскиот стопер, Душко Тошиќ од Гвангжу, кој почетокот на сезоната го дочека во изолација каде ќе мине уште два дена.

„Последен пат кога видов лице на човек кога се симнав од авионот. Лекарите во скафандери ме дочекаа на аеродромот и ме придружуваа во хотелот. Сега можам да излезам од собата само на тераса. Секој ден хотелскиот персонал во скафандери ми носи нови крпи и постелнини, но старите не ги зема. Имам преку 80 пешкири во собата. Сите се уредно испрани и наредени. ’Пиштолот’ за мерење на температурата му го ставаат на глава најмалку двапати на ден. Ме тестираат на секои три дена. Дури ми направија и два анални брисеви. Имам чувство дека ја проверуваат секоја крвна клетка”, вели Тошиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата