Во кинескиот град Харбин, престолнина на провинција Хејлонгџијанг, се забранети сите јавни собири поради забележано зголемување на новозаразени од коронавирус.

Според кинеската Национална комисија за здравство, вчера се забележани седум случаи на локално пренесување на Ковид-19 во Хејлонгџијанг, што ги натера властите да ги затегнат ограничувањата, пренесува Си-ен-ен.

Провинциската влада објави дека сите жители на градот со популација од 10 милиони, некое време ќе можат да се дружат само во рамките на своите домаќинства.

Во моментов, во провинцијата Хејлонгџијанг се пријавени 54 случаи на инфекција со коронавирус, од кои 52 се од Харбин.

 

извор: Makfax