За споредба, во јануари извозот се зголеми за 15,9 отсто, а увозот за 25,2%.

Така земјата оствари необичен дефицит од 60,36 милијарди јуани, што се случува за прв пат од февруари 2014-та година. Во јануари имаше рекорден суфицит во износ од 354,53 милијарди јуани.

Според голем број експерти податоците од јануари и февруари може да се искривени до одреден степен поради викендите по повод кинеската нова година, која трае една недела.

„Се сомневаме дека тоа во голема мера го одразува растот во вредноста на увозот, кој произлегува од поскапувањето на суровините. Покрај тоа сугерира дека домашната побарувачка останува трајна”, коментира Џулијан Еванс-Причард од „Capital Economics”. „Гледајќи напред, очекуваме надворешната побарувачка да остане релативно силна во наредните квартали, што треба да продолжи да го поддржува извозот”, додава тој.

Извозот од Кина за САД расте со 11,5% на годишна основа во февруари, а увозот од САД се зголемува со 41%.