Годинава врз основа на општа даночна стапка направена е листа на земји со највисоки даноци. За таа цел земени се пет различни вида даноци и придонеси, корпоративен данок, придонеси, даноци на надоместоците, имотните даноци, данок на промет и други мали даноци. 

Меѓу земјите со вкупен износ на даноците над 50 проценти се:

Гамбија со 63,3 отсто. Оваа африканска земја нема големи природни ресурси и е меѓу најсиромашните во светот. Даноците на промет, а не на профитот, значително ги зголемуваат стапките за бизнисот.

Чад со 63,5 отсто и оваа земја се потпира на земјоделството и е исклучително сиромашна. Државата оданочува 1,5 отсто на прометот или 40 отсто од добивката, во зависност од тоа која сума е повисока.

Кина со 64,6 отсто, исто така наметнува некои даноци на промет на компаниите наместо врз нивниот профит.

Потоа следуваат Италија со 65,4 отсто, која е позната по повисоките даночни стапки и Венецуела со 65,5 отсто каде драматично беа зголемени даноците за странските нафтени компании.