Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, во своето новогодишно обраќање изјави дека е подготвен повторно да одржи самит со претседателот на САД, Доналд Трамп.
дека САД уште еднаш ветија дека ќе го спречат нуклеарното оружје од

Тој, исто така, побара од САД со одговорни постапки да реагира на досегашните чекори кои ги презеде Северна Кореја во однос на денуклеаризацијата, бидејќи тие ќе побараат алтернативен пат ако Вашингтон погрешно го оцени нивнотот трпеие и продолжи со санкции против Северна Кореја.

Лидерот на Северна Кореја исто така повторно повика за комплетно завршување на заеднички маневри од страна на армиите на Јужна Кореја и САД кои се одржаа двапати годишно.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред неколку дена му испрати на американскиот претседател Доналд Трамп помирлива порака во моменти кога застанаа преговорите за нуклеарната програма на оваа земја, објави јужнокорејски весник.

Пораката на Ким во облик на писмо е предадена во петокот, наведува весникот, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори. Во извештајот не се наведуваат детаљи од пораката, но пишува дека се однесува на преговорите меѓу двете земји и дека има помирлив тон.

извор: Makfax