Советникот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, за надворешна политика, Чунг ин Мун, изјавил дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е жив и здрав и дека од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.

„Засега не се забележани никакви сомнителни движења“ рекол тој, пренесе порталот „Њузвик“.

Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е влошена, а многумина шпекулираа и дека е починат.

Вчера беа објавени и сателитски снимки од воз, кој најверојатно му припаѓа на Ким, паркиран на железничка станица во Вонсан.

Ким не се појавил во јавност од 11 април, а се споменуваше дека имал операција на срцето и дека е во лоша здравствена состојба.

Претходно денеска на социјалните мрежи се појави фотографија на која наводно се гледа Ким Џонг Ун во стаклен ковчег, но без потврда за автентичноста на фотографијата ниту дали се работи за монтажа.

извор: Makfax