Лидерот на Северна Кореја последен пат во јавноста е виден на 11. април со што светските медиуми почнаа да шпекулираат за причините околу отсутноста поврзувајќи ја со тешка болесрт, срцеви заболување, обид да се скрие од пандемија на корона вирус…

Американскиот таблоид “Njujork post”, повикувајќи се на еден раководител на телевизијата HKSTV од Хонгконг, пишува дека корејскиот лидер починал, тврдејќи дека тие информации ги добил од “многу сигурни извори“. “Internešnal biznis tajms”, прецизира дека потпретседателката на HKSTV објавила на социјалната мреж “Veibo” соопштение за смрта на севермнопкорејскиот лидер , каде што ја следат 15 милиони луѓе.

Од друга страна јапонскиот лист “Šukan Gendai” известува дека севернокорејскиот лидер се наоѓа во “вегетативна состојба“ после операција на срце, но и дека нема некои посебни раздвижувања на населението во Северна Кореја, по гласините за смрта на Ким Јонг Ун.

И додека сеуште се шпекулира околу здравствената состојба на лидерот на С. Кореја, на социјалните мрежи почнала да се шири фотографија на која наводно се наоѓа мртов Ким Јонг Ун, но засега нема потврда дали сликата е автентична или во прашање е монтажа.