Американското Министерство за одбрана објави извештај минатиот месец, а некои делови предупредуваат дека Северна Кореја би можела да добие 100 нуклеарни парчиња оружје до крајот на оваа година.

Сегашната бројка на Северна Кореја брои до 60, а има и 5.000 тони хемиско оружје, според американската армија.

Пресметките се направени минатиот месец во извештајот на Министерството за одбрана на САД, наречено севернокорејска тактика.

Извештајот предупредуваа дека режимот на Ким Јонг-ун може да набави 100 бомби на такво оружје до крајот на оваа година, јавува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Се проценува дека Северна Кореја има помеѓу 20 и 60 бомби, со можност да произведува 6 нови секоја година, се вели во истиот.

Северна Кореја е, наводно, трет по големина сопственик на хемиски агенси, со 2.500-5.000 тони и 20 различни видови, се додава во истражувањето.

Авторите велат дека научниците на Ким работеле за да постават антракс или сипаници и потенцијално да ги ставаат на проектили за употреба против Јужна Кореја или САД.

Оваа изолирана земја, исто така, се верува дека има армија од повеќе од 6.000 хакери кои работат во земји како Кина, Индија и Русија.

Во извештајот се предупредува дека тие можат да стигнат до насочени компјутери насекаде во светот.

Исто така се наведува дека Ким не сака да заврши како поранешниот либиски владетел Моамер Гадафи, кој бунтовниците го убиија по нападот на НАТО врз неговиот конвој.