На бадниковата вечер старлетата Ким Кардашијан (39) и нејзиниот сопруг Канје Вест (42) се пофалија на „Инстаграм“ што ѝ купиле на својата малечка ќерка Норт (6) за Божик.

Иако нивната ќерка сè уште не оди на училиште, таа може да се пофали со уникатен подарок вреден илјадници долари. Од своите родители таа ја добила кадифената јакна на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, која музичарот ја носел во една пригода додека се дружел со Елизабет Тејлор.

Ким објаснила дека таа и сопругот ја освоиле јакната на аукција и рекла дека нивната ќерка е голем обожавател на Мајкл Џексон и дека девојчето било многу благодарно и возбудено за подарокот. Јакната е посебна и затоа што внатре се наоѓа фотографија од кралот на попот.

извор: Makfax