Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун му испрати специјален подарок на својот јужнокорејски колега, господин Мун Џе-ин – два тона ретки печурки мацутаке, соопшти портпаролот на кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

Мун му нареди на неговиот кабинет подеднакво да ги подели печурките на сите раздвоени семејства на Југот кои не успеаја да се сретнат со своите роднини во Северна Кореја.

„Се надевам дека печурките со мирисот на Северна Кореја ќе им дадат утеха“, рече Мун по тој повод.

Десетици илјади луѓе сè уште се разделени од нивните семејства по завршувањето на Корејската војна од 1950 до 1953 година.

извор: Makfax