Се огласила Јужна Кореја

Советник за надворешни работи на Јужна Кореја, Чунг Ин Мун изјавил денеска дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е жив и здрав.

Изјавата на главниот советник на јужнокорејскиот претседател следела по серија шпекулации за здравјето на првиот човек на Северна Кореја, кој во предходните неколку дена не се појавувал на неколку значајни настани, вкчувајќи и 108 години од раѓање на Ким II Сунг, дедо на Ким Јонг Ун.

– Ставот на нашата влада е јасен. Ким Јонг Ун е жив и здрав – рекол Чунг Ин Мун, советник за надворешни работи на Јужна Кореја Чунг Ин Мунг. Спрема неговите зборови, Сеул не забележал никакво сомнително раздвижување кај народот за време на престојот на севернокоресјскиот лидер во Вонсан.

Изјавата на јужнокорејскиот советник следела после серија шпекулации дека опреацијата на која севернокорејскиот лидер бил подвргнат тргнала лошо и дека Ким се наоѓал во тешка ситуација.