Северна Кореја со денови го промовира новиот аеродром во Пјонгјанг, нагласувајќи ги стаклените ѕидови и други иновации. Неодамна се појавија фотографии кои го прикажуваат Ким и неговата сопруга како ја разгледуваат новата зграда.

Овој проект е последниот обид оваа земја да ги привлече туристите. Во склоп на аеродромот има кафе бар, аптека, чоколадна фонтана, како и многу други атракции.

Но, на фотографиите од прошетката низ новиот аеродром, го нема архитектот Ма Вон Чун, од Државната комисија за одбрана, од отсекот за дизајн. Имено, тој исчезнал минатата година, заедно со уште 5 високи функционери. Според некои информации, тој бил погубен во ноември 2014 година, поради „корупција и поради не придржување на наредбите”.

Неговата смрт следела откако бил реновиран аеродромот, односно поради тоа што новиот дизајн не му се допаѓал на Ким.

-Во последната фаза од изградбата на Терминалот 2, дошло до грешки поради тоа што архитектот не размислувал за партиската идеја за архитектонска убавина, кое е од суштинска важност за зачувување на националниот идентитет. Значајно е изградбата на терминалот да заврши во лик кој ќе биде олицетворение на Северна Кореја, лице на земјата и капија на Пјонгјанг, изјавил Ким, во периодот по исчезнувањето на архитектот.