x

Кимих ќе си добие восочна фигура во берлински „Мадам Тисо“

Посетителите на музејот на восочни фигури „Мадам Тисо“ во Берлин биле запрашани за тоа кој германски фудбалски репрезентативец би сакале да го видат во музејот, а фудбалерот на Баерн Џошуа Кимих победил со убедлива предност.

Тоа го изјави маркетинг директорот на музејот Улф Тидеман.

На 25-годишниот фудбалер веќе му се земени 260 мерки на телото, направени се преку 150 фотографии како подготовка за изработка на восочна фигура. Ќе бидат потребни шест месеци за да се направи фигурата која ќе стои во музејот заедно со фигурите на Кристијано Роналдо, Оливер Кан и Мануел Ноер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата