x

Кимих ќе паузира три месеци

kimih-e1604844306176

Играчот од средниот ред на Баерн Џошуа Кимих најверојатно ќе отсуствува три месеци по повредата во победата на неговиот тим над Борусија Дортмунд со 3:2 во саботата. „Кикер“ соопшти дека 25-годишниот фудбалер сериозно го повредил менискусот на коленото и ќе оди на операција, па неговата пауза ќе биде околу три месеци.

Германскиот репрезентативец е стандарден кај Ханси Флик и еден од оние на кои тешко е да се најде замена. Најдобра опција во моментов е Толисо и Горецка во средниот ред, можеби Хави Мартинез да биде преместен во средниот ред или минути да добие летното засилување Марк Рока.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата