x

Кике Сетијен е историја: Чави седнува на клупата на Барса!

Утринска “бомба“ во Каталонија. Легендата на Барса, еден од најпознатите фудбалери во клубската историја, Чави Хернандез, веќе се договорил за преземање на клупата на каталонскиот гигант. Тоа значи дека Кике Сетијен е историја, него можеби ќе му се дозволи да ја заврши сезоната, а потоа Чави се враќа во Барса, таму и каде што му е местото, така барем резонираат челниците на клубот.

Чави за Барса одигра 767 натпревари, најмногу од сите, и даде 85 голови. Тој, според медиумите во Шпанија, треба да заработува 6 милиони евра годишно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата