x

Кизиќ: После Фленсбург, моралот на екипата е на високо ниво

kizic-1-e1572805034265

Марко Кизиќ, голманот на Вардар ги искажа своите очекувања од натпреварот со Порто во Лигата на шампионите. Тој напомена дека ќе биде многу тежок натпревар, но победата над Фленсбург ќе даде крила и мотивација за добра игра и нови два бода во дуелот со Португалците.

„После Фленсбург, кренат е моралот на екипата. Бркаме нови два бода, но ќе биде многу тежок натпревар. Минатата сезона со нив играме на гости и ни беше исклучително тешко. Ќе треба да се бориме, треба да покажеме посветеност, мотивација имаме, и дефинитивно сметам дека можеме да го добиеме мечот. И Порто има квалитетна екипа, нема лесно да се дадат. Во предност ни оди секако победата на минатиот натпревар со Фленсбург што го добивме, како мотивација за дуелот со Порто“, рече Кизиќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата