Кид за забава на гледачите
Кошаркарите на Њу Џерси, на свој терен, славеа против Кливленд со 96:85 и го освоија првиот поен во третиот меч од полуфиналната серија во Источната конференција. Домаќините посебно добро играа во третиот период, кога стигнаа и до позитива од 14 кошеви. Привремено неизвесноста ја продолжи Џејмс со тројка во третата минута од последниот период за 77:73, но домаќините успеаја да влезат во мирна завршница.
– Одработија одлично под кошот на мене и Илгаускас. Покрај тоа добро шутираа однадвор, вели Дреј Гуден, играч на Кливленд.
За надмоќноста на Нетси под кошевите зборува и податокот дека имаа дури 13 скокови повеќе од Кливленд (43-30). Иако тројца играчи во редовите на победничкиот тим забија по 23 поени (Картер, Џеферсон), сепак јунак на вечерта беше Кид, кој го оствари својот 11 трипл-дабл во доигрувањето (23 поени, 13 скокови, 14 асистенции). Во поразениот тим на Кливленд, Хаш заби 23 поени, а Џејмс придодаде 18 и згора на тоа имаше 12 асистенции.
Во Западната конфереција се одигра само еден полуфинален натпревар, во кој Сан Антонио беше поуспешен од Феникс – 108:101. Натпреварот беше неизвесен, а клучна беше серијата во последната минута од третата четвртина, кога Спарси од 72:71 стигнаа до 80:72. Во последниот период Сан Антонио не дозволи да биде загрозено неговото водство.
За Сан Антонио најмногу забија Данкан (33 поени, 19 скокови), Мерион (26), Џинобили (24) и Стодемаер (21), додека кај Феникс Неш со 16 поени и 11 асистенции.
Изјава Стив НЕШ
“Едноставно имав лоша вечер. Требаше некои прилики да ги искористам, но не бев внимателен”