На 16.04.2020 во 13.05 часот во СВР Охрид, И.П.(29) од Охрид пријавил дека од страна на непознати лица со патничко возило „фолксваген голф“ бил грабнат неговиот брат Б.П.(33) од населба Рача – Охрид. Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.