Војвотката од Кембриџ е позната по својата песочна фигура, но со оглед на тоа дека со бременоста доаѓа и здебелувањето, Кејт сега наместо тенка половина има облини кои и покрај тоа што се невообичаени за неа сепак и годат. Кејт Мидлтон на почетокот на бременоста заврши и во болница поради трудничките мачнини, но сега се чувствува одлично и притоа ужива во трансформацијата на своето тело.

“И покрај големите измени кои ги трпи нејзиното тело, таа сепак се чувствува одлично. Вилијам ги обожава нејзините облини и цело време е покрај неа”, открил извор близок на двојката.
Кејт треба да се породи во јуни, а дотогаш славниот пар се труди да живее нормално и да ги исполнува своите кралски должности.