Тотенхем поведе во дуелот со Лудогорец во рамките на 3. коло на Лига Европа со голот на Хари Кејн во 13 минута. Англискиот напаѓач го игра 300. натпревар за Тотенхем во кариерата, а погодокот во Разград му е јубилеен 200-ти во кариерата, а 100-ти на гостински терен.
На вечната листа на голгетери на Тотенхем е на третото место. Пред него се Боби Смит со 208 голови и Џими Гривс со 266 голови.