Кетрин Зета Џонс намали околу пет килограми. Актерката по излегувањето од психијатриската болница, каде што се лекуваше од биполарно пореметување, веднаш се фати за работа. Но на снимањето на филмот “Играње на поле” ја дочекале проблеми. Извор од сетот открил дека Кетрин ослабела околу пет килограми, а тоа предизвикало дополнителна работа. На актерката требало да и се земат нови мерки, за да се преправат костимите во кои треба да се појавува во филмот.

“Ослабена е околу пет килограми и сега носи помал конфекциски број. Ни рече дека намалувањето на килажата е резултат на стресот кој го доживеа, што заради својата што заради болеста на Мајкл. Но се однесуваше како да не сака никој да ја сожалува”, објаснил изворот. Зета по боледувањето сакала да ги разбие предрасудите за луѓето со биполарно пореметување, па сега размислувала за снимање документарец.