x

Кени Далглиш излезе од болница, оди во домашна изолација

Легендата на Ливерпул, Сер Кени Далглиш, денеска е отпуштен од болницата, каде беше примен во средата, откако имаше позитивен резултат на тестот за коронавирусот. 69-годишниот поранешен напаѓач добил интравенски третман со антибиотици за внатрешна инфекција, иако не ги покажа вообичаените симптоми на КОВИД-19.

Сер Кени е вратен во неговиот дом, во задолжителна самоизолација.

„Луѓето можеби мислат дека заради моето име, јас добивам најдобра грижа, но секој друг пациент го прима истото од нашата Национална здравствена служба. Како нација, ние имаме среќа да имаме такви доктори. Им посакувам се најдобро, затоа што тие работат неуморно за да помогнат да се справине со оваа пандемија“, рече Далглиш.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата