Британската актерка и модел Кели Брук, начниците од Универзитетот во Тексас ја прогласија за жена со совршено тело.

Имено, згодната Кели Брук во оценката на научниците е опишана како жена со совршена фигура, бидејќи е висока 168 сантиметри, а нејзините пропорции се 99-63-91. Исто така значајно влијание врз ваквиот заклучок има и фактот дека Кели е природна убавица и дека никогаш немала естетска корекција.

Кели Брук е природна и по наше мислење совршена. нејзиното тело е здраво, а лицето секогаш и го краси насмевка – ја образложија својата одлука научниците од Тексас.