x

Кек со порака до своите: Огледајте се на Македонците. Тие потврдија дека се е можно во фудбалот

kek-1

Словенечкиот тренер Матјаж Кек е импресиониран од успехот на македонската фудбалска репрезентација. Кек на денешната прес-конференција за мечот со Косово во Лигата на нациите, беше запрашан за Македонија која успеа да се квалификува на ЕП и тој одговори:

Словенија претходно докажа дека се можни чуда, дека може да се испишат вакви убави приказни во фудбалот. Но приказната на Македонија е најнова и уште една потврда дека се е можно во фудбалот. На тренингот им кажав на момците дека треба да се огледаат на Македонија – не на Шпанија, Германија или Франција, нив е невозможно да се следат. Македонија е убава, убава фудбалска бајка“, изјави Кек.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата