x

Кевин Гарнет ќе ја купи Минесота Тимбервулвс?

kevin-garnet

НБА франшизата Минесота Тимберволвс се става на продажба, а еден од можните купувачи е некогашната НБА ѕвезда и член на тимот, Кевин Гарнет.

Сегашниот сопственик Глен Тејлор ја ангажирал „Раин груп“ за да ја продаде франшизата и веќе добил неколку понуди. 79-годишниот Тејлор го купи „Тимбервулвс“ во 1994 година за нешто помалку од 90 милиони долари, а сега бара 1,2 милијарди долари за да ја отстапи нанов сопственик.

Некои групи клиенти имаат планови да ја пренесат франшизата во друг град, но Тејлор првично истакна дека еден од условите е тоа да не се случи. Денеска пристигна веста дека поранешниот ас на Минесота и член на „Куќата на славните“, Кевин Гарнет е многу заинтересиран за купување на клубот, и веќе почнал да се консултира со група инвеститори.

„Страста што ја имам за Минесота да освојам титула е добро позната, но имам уште подлабока страст кон Минеаполис. Сакам повторно да го видам Минеаполис како разновидна заедница, за која знам дека е“, напиша Гарнет на Твитер.

Гарнет уште во 2017 година изјави дека сака да биде сопственик на тимот во кој играше од 1995 до 2007 година и од 2015 до 2016 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата