x

Кварезма: Најголемата грешка ја направив кога отидов да играм во Дубаи

kvarezma

Рикардо Кварезма, еден од култните португалски фудбалери, човекот со 80 натпревари за репрезентацијата и член на бројни клубови зборуваше за својата кариера но исто така ја кажа и најголемата грешка што ја има направено. Тој го посочи трансферот во Шабаб Ал-Ахли од Обединетите Арапски Емирати во 2012/13 му бил погрешна одлука. Тогаш имал 29 години и од Бешикташ одлучил да отиде во Дубаи, но после само неколку месеци се врати назад и тоа во Порто.

И покрај тоа што имав многу пријатели и соиграчи кои ме советуваа каде да одам, јас секогаш одлучував со своја глава. Има работи за кои ако не ги направам денес, сигурно нема да ги направам воопшто. Се охрабрив и отидов во Дубаи, најголемиот град во ОАЕ. Но отидов млад, со 29 години. Тоа беше најголемата грешка во животот. Многу луѓе велеа дека сум готов, дека ќе се здебелам, дека планирам пензија штом сум отишол таму да играм. Сватив дека не е се во парите. За среќа, за брзо време се вратив во Европа. Му благодарам на претседателот Пинто да Коста кој ми ги отвори вратите на Порто. Тоа беше важно за мене и шанса да им докажам на луѓето дека се уште сум „жив“ и дека не планирам да се пензионирам“, изјави Кварезма кој сега игра за Виторија Гимараеш.

Кварезма ја почна кариерата во Спортинг, играше за Барселона, Порто, Интер, Бешикташ, Касимпаша, а од септември е во Виторија од Гимараеш.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата