x

Квалификации за ЕП – жени: За крај нека биде победа!

zeni-so-kazahstan

Денеска точно на пладне, во 12 часот, нашата најдобра женска репрезентација во студениот Алмати, против соодветната елекција на Казахстан, ќе го одигра послендиот меч во квалификаците за ЕП, во групата Г. Репрезентацијата е силно хендикепирана поради отсуството на селекторот Изов кој е позитивен на Ковид-19 и не можеше да биде со своите избранички. Зтоа тука се Наташа Андонова, Гентијана Рочи и останатите фудбалерки кои се надеваат на последниот меч дека Македонија ќе успее да се избори поволен резултат, односно да дојде до победата. Победа која за Македонија би била втора во групата, ние и во Скопје успеавме да славиме над Казахстан.

Кога сме кај групата Г, Македонија е на четвртото место со 3 бода, додека домашната селекција на Казахстан е последна петта и нема освоено ниту еден бод. Но затоа има и меч помалку. Што значи дека со евентуален триумф и три бода, ние и дефинитивно нема да завршиме како последни.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата