x

Каљари пријави уште тројца заразени со Ковид-19 пред мечот со Удинезе

klavan-cagliari

Во пресрет на утрешниот меч со Удинезе, екипата на Каљари објави дека има уште три случаи со КОВИД-19 во составот. Меѓу новите заразени е и дефанзивецот Рагнар Клаван.

Составот од Сардинија имаше бројни случаи во последните неколку месеци, а од неодамна во изолација се и Диего Годин, Адам Оунас, Џовани Симеоне и Нахитан Нандез.

Попладнево беше објавено соопштение во кое се истакнува дека Клаван, голманот Симоне Арести и голманот на младинскиот тим, Николо Кабрас, биле позитивни на тестот. Тие се ставени во изолација, додека остатокот од составот ќе го следи протоколот пред утрешниот натпревар со Удинезе.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата