Даниел Кајмакоски вечерва ја однесе победата во шоуто “Твоето лице звучи познато” со имитацијата на Тина Тарнер. 

Пејачот доби илјада евра кои ќе ги донира во хуманитарни цели, а најинтересен дел дефинитивно беше кога  ја извади маската од лицето непосредно пред завршувањето на емисијата затоа што не можеше да и одговори на Килибарда за кого гласа, односно не се разбираше она што го зборува.