x

Кацигата на Фетел на аукција продадена за 225.000 евра

kaciga-vettel

2020 година дефинитивно не беше година на Себастијан Фетел. Четирикратниот светски шампион се бореше да го најде вистинското место со Ферари, но целата сезона с епретвори во еден голем кошмар за него. Единствениот блесок во оваа негова несреќна сезона се случи во Турција, со третото место на Истанбул Парк.

По повод оваа трка во Турција и завршницата на сезоната, Фетел покажа специјална кацига. Хроматскиот контраст меѓу белото од предната и црниот дел од задната страна што се прелеваат во металик сива боја и виножитото поставено на средина, треба да потсетат на хармонијата во светот.

Оваа важна порака која Фетел сака да не се ограничи само со неговиот настап на патеките, сега реши да ја засили со тоа што ја продаде кацигата од неговиот последен подиум со Ферари на аукција која заврши на 13 декември.

Истата беше продадена за сума од 225.000 евра. Комплетната сума на пари Германецот реши да ја донирана во добротворни цели за помош на две здруженија, „Шанса за децата“ кои работат во Уганда и уште едно здружение од Того.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата