Последните два месеца од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат до Минитсерството за здравство, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири стручни надзори за пациенти починати од КОВИД-19, а во тек се надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, информираат денеска од Министерството за здравство.

– Стручни надзори за пациенти починати од КОВИД-19, за последните два месеца од страна на ДСЗИ до МЗ, по извршен инспекциски надзор и обезбедена докуменатција, иницирани се четири надзори за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово, Кавадарци, Битола и Крива Паланка, се вели во соопштението од МЗ.

Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ќе бидат извршени надзори за уште четири пациенти починати од КОВИД-19.