Во последните 24 часа се направени 2805 тестирања, а регистрирани се 982 нови случаи на ковид-19 од кои 456 се во Скопје, во Куманово 24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.  

Починати се 19 лица, од кои четири пациенти од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица  (81г) и еден пациент од Кратово (65г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73025, бројката на оздравени пациенти е 48726, на починати е 2096, а бројот на активни случаи изнесува 22203.