x

Катастрофално деби на Игуаин во МЛС Лигата, промаши пенал, а потоа „хаос“ (ВИДЕО)

iguain

Гонзало Игуаин после долги години играње во Европа, се реши да се пресели во САД и да игра за Интер Мајами. Вчера го имаше своето деби, кое ќе посака што поскоро да го заборави.

Имено, неговиот тим загуби убедливо на гостувањето кај Филаделфија Унион со 3:0, а се ќе беше поинаку ако Игуаин реализираше од белата точка при 2:0. Сепак, Игуаин ја испрати топката над голот, а потоа предизвика хаос.

Противничките играчи веднаш му се внесоа во лице да го слават промашувањето, а не им остана должен ниту Уругваецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата