Едно лице на возраст од 63 години почина од Ковид-19 во изминатите 24 часа на тетовското подрачје, со што вкупно 90 луѓе го загубија животот од оваа болест. Регистрирани се 15 новозаболени.

– Петнаесетте нови случаи со Ковид-19 се жители на општина Тетово, информираше д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, оздравени се 13 лица. Од вкупно 1.470 дијагностицирани со Ковид-19, активни се 150 лица.

Според тетовската полиција, поради непостапување кон владината уредба за спречување на ширење на Ковид-19 во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на 70 лица во тетовско изготвени им се прекршочни платни налози.

Во тетовско 55 лица добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.