Момците на Кике Сетиен одиграа извонреден меч во осминафиналето на Копа дел реј и со убедливи 5:0 против Леганес потврдија дека Барселона полека влегува во посакуваниот ритам.
Уште по само 4 минути со голот на Гризман, каталонците поведоа на „Камп Ноу3 со 1:0 и најавија дек ана гостите не им се пишува добро. За 2:0 се чекаше до 27. минута, кога Ленглет ја погоди гостинската мрежа и го зголеми водството.
Во вториот дел дојде и првиот од двата гола н апрвата ѕвезда на домашните – Лионел Меси. Тој во 59. минута погоди за 3:0, по што Артур во 77. минута зголеми и на 4:0.
За „петарда“ во голот на гостите се погрижи Аргентинецот со својот втор гол во 89. минута.