Доцна во четвртокот каталонскиот парламент кој ја поддржува идејата регионот да прогласи независност, објави видео во кое се повикуваат каталонците да ги повлечат сите пари од пет банките во регионот. Целта им вила да бидат “казнети” финансиските институции, кои одлучија да ги преселат централите надвор од Каталонија.

Од банките CaixaBank и Banco Sabadell сепак во петокот наутро коментираа дека состојбата на системот во Каталонија е нормален пишува Bloomberg.

Идејата на каталонските сепаратистички настроени лидери беше локалното население масовно меѓу 08:00 и 09:00 часот. по локално време да ги повлече своите средства од банките, кои избрале да го напуштат регионот, и така да се дојде до банкарска криза. Претставници од CaixaBank и Banco Sabadell, кои се двете најголеми во Каталонија, сепак коментираат дека нивните активности се вршатт нормално.

CaixaBank и Banco Sabadell го преселија бизнисот од Каталонија поради можноста регионот да се отцепи од Шпанија и да остане надвор од Европската унија. Банките кои ги преместија своите централи од Каталонија претходно овој месец, се соочувале со раст на депозитите во последните неколку дена, коментира во четвртокот шпанскиот министер за економија Луис де Гуиндос.