Огромна песочна бура ја погоди Анкара и околината во саботата. Според последните податоци, најмалку шест лица се повредени во невремето, кое најпрво го погодило градот Полатли, каде имало прекин на електричната енергија, а подоцна се проширило и во Анкара. Ветерот бил толку силен што ги уништил покривите на зградите. 

Градоначалникот на Полатли Мурсел Јилдискаја изјавил дека за време на невремето избувнале и неколку пожари.