Убедливо најоткачениот фудбалер на Рома, извонредниот напаѓач Антонио Касано, покрај своите “бубачки” на теренот, секако е познат и како маж кој често е во друштво на убави жени. Вниманието на италијанската јавност го привлече и минатата недела, кога на модната ревија на шведската креаторка Ј. Линдберг во Рим уживаше во друштвото на познатата белгиска убавица Џојс Де Трош. Таа е позната по своите чести излети и во порно-списанијата, на модните патеки се појави уште во 1995 година, кога беше во изборот за Мис на Белгија, а знаеме и дека е постара од Антонио полни 8 години. На ревијата беа и Кристијан Виери, кој повторно се смири со својата стара љубов Елизабета Каналис, “тазе” разведениот Стефано Бетарини од тимот на Сампдорија, но, фоторепортерите, сепак, најмногу ги “пукаа” Касано и Де Трош. За убавата Белгијка се сврзани и овие факти: моментно работи на националната белгиска ТВ, ги обожава трките во автомобилизам, но и Формула 1, а најновиот “прилог” за нејзината биографија вели дека се пали на помлади фудбалери.