x

Касано го провоцира Јувентус: Од летото на сите им велам дека Интер ќе биде шампион!

Антониот Касано, кој е познат по својот темперамент и брзиот јазик, повторно го провоцира Јувентус. Тој е уверен дека Интер сезонава ќе ја прекине доминацијата на Јуве.

Интер по 17 кола е лидер во Серија А, со ист број на бодови како и бранителот на титулата.

„Од крајот на август зборувам дека Интер ќе биде нов шампион. Антонио Конте е тренер, кој ви носи дополнителни 15-20 бодови. Тој е светска класа, тој знае како да ги мотивира своите играчи“, изјави Касано.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата