Премиерот Зоран Заев оствари средба со претседателот на „Беса“ Билал Касами

„Двајцата претседатели разговараа за барањата на „Беса”, а средбата помина во позитивна и пријателска атмосфера, при што се разговараше за причините и за содржината на самите барања.

На средбата е договорено да се одржи уште еден состанок најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Македонија, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, и претставници од раководството и пратениците од „Беса” на Касами, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции“, инфомираа од Владата.

Од „Беса“ на Касами претходно посочија дека тие се за влез во ЕУ и НАТО, но тие поднесоа амандмани на амандманите со образложение дека Уставот треба да гарантира рамноправна положба на албанскиот и македонскиот народ.

 

 

извор: Makfax