Лидерот на шпанската опозициска Народна партија, Пабло Касадо, го обвини премиерот Педро Санчез дека е „мек” кон каталонскиот претседател Ким Тора.

Касадо го обвини премиерот дека е мек кон Тора кој сакал, како што рече „крвопролевање и граѓанска војна”.

Ваквата изјава беше дадена за време на дебатата одржана во шпанскиот Парламент, на последната седница на оваа година, пренесуваат шппанските медиуми.

Касадо го критикуваше Санчез и поради тоа што тој го молел Тора вв четврток да одржат состанок.

„Тора го напаѓа срцето на шпанската држава и сака крвопролевање и граѓанската војна”, рече Касадо, додавајќи дека Тора е човек кој сака да тенкови на улиците.

извор: Makfax