Новата надеж на македонскиот фудбал, Давид Тошевски, денеска го имаше првиот настап за екипата на Ростов. Дебито беше против актуелниот шампион Зенит, кој на гостувањето во Ростов славеше со 1:0.
На прес-конференцијата по средбата, на новинарско прашање, тренерот ан Ростов Валери Карпин вака го прокоментира дебито на Тошевски:
„Тој не беше подготвен за настап подолг од 30 минути.Но, тоа е нормално, тој тренираше без тимот на почетокот, сега е време да се прилагоди. Му требаат уште две или три недели за да ги стекне потребните услови“, вели Карпин.