Каролина ќе ги чита поените
На 21 мај, од студиото на МТВ, поените ќе ги чита убавата пејачка и самата евровизиска учесничка во 2002, Каролина Гочева. Одлично го зборува англиски јазик, а наедно и студира англиски јазик на факултет. Оваа практика, евровизиски победници и претставници да ги читаат поените ја практикуваат повеќе земји. Годинава, со резултатите од Финска ќе се јави ланскиот претставник Јари Синалпа, од Хрватска популарната ТВ-новинарка Барбара Колар, од Украина Мариа Орлова (вклучена во организацијата), од Франција Мари Мириам, победничка во 1977 со тогаш многу популарната балада “L’Oiseau et L’Enfant”… Резултатите од телевоутингот во Латвија резултатите ќе ги чита победничката во 2002, Мари Ен. (Ва.Ѓ.)