Каролина на фестивал во Сараево
Вечерва во познатата сараевска сала “Зетра” ќе се одржи првиот радиски фестивал на БиХ. На овој фестивал свое учество најавија видни музички имиња од БиХ и од поранешните ЈУ-простори меѓу кои и: Тифа, Кемал Монтено, Горан Каран, Лео и Селма, Маја Шупут, Маја Татиќ… Нашата поп-дива Каролина Гочева, како преставник на нашата држава, ќе настапува во ревијалниот дел со песната “У забораву” на Дино Мерлин. Покрај Каролина во ревијалниот дел, ќе настапат и Хари Мата Хари, Дин, Романа, Гоца Тржан, Петар Грашо. Патем да кажеме, дека Каролина посетата на Сараево ќе ја искористи за најава на својот нов материјал, кој некаде кон средината на јуни треба да се појави во продажба на просторот на поранешна Југославија. Во оваа пригода премиерно ќе биде прикажан и новиот спот на Каролина за песната “Лажем себе”. Инаку, фестивалот кој се очекува да го посетат 18.000 гости е во организација на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на БиХ, а извршен продуцент е Радио “М” од Сараево. ( првата приватна радиостаница на Балканот). (А.Н)