x

Кармело: Се давев, и одеднаш се појави Леброн и ми го спаси животот

Еден навидум обичен излет на Бахамите, за малку ќе се претворел во трагедија за еден од најдобрите играчи во НБА во моментов, Кармело Ентони. Среќа, крај себе го имал Леброн Џејмс кој му го спасил животот, откако Ентони сакал да се излади во морето, но струите го носеле најпрво далеку од бродот, а потоа и надоле.

Иако се ривали на паркетот, сепак, Кармело нема никогаш да го заборави денот кога Леброн е заслужен што и натаму е на овој Свет.

„Бевме во вода покрај бродот. Сите пливавме, нуркавме… Во еден момент сите се вратија на бродот, освен јас. Сакав уште малку да нуркам, но струите ме однесоа далеку од бродот. Не можев да се вратам до него. Многу работи ми минаа низ глава. Потоа го видов Леброн како скока по мене. Дојде до мене, и со една рака ме носеше, а со другата пливаше. Ми го спаси животот“, рече Ентони.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата