Бившиот шветски премиер Карл Билт рекол дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен, ако обвинението против него биде потврдено.

Тој во изјава за ГЗЕРО Медија, оценил дека, ако дојде до судење, заштита на сведокот ќе биде “голем проблем“, пренесува Косово онлајн.

“Ако обвинението, кое е објавено, се потврди, тогаш ќе се соочи со апсење. Ќе мора да оди во Хаг и да се соочи со долго икомплицирано судење каде што заштита на сведоците ќе биде голем проблем. Ќе поминат неколку години. И без сомневање, ова ќе ја вознемири политиката во Косово“, изјавил Билт.